Select Page

Гешталт едукација

Гешталт едукацијата е наменета за сите заинтересирани лица кои сакаат да се едуцираат во гешталт психотерапија (психолози, социјални работници, педагози, наставници, менаџери, доктори, свештеници итн.). Целите и задачите се постигнуваат преку 4-5 годишна вонредна едукација со која се доаѓа до интеграција на теоријата и методологијата кај учесниците (студентите) и им овозможува да го достигнат нивото на лично појаснување и зрелост кое се бара од гешталт психотерапевтот.