СПЕЦИФИЧНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТРЕНИНГ ПРОГРАМАТА И ИЗВЕДБА
Програмата Диплома од Гешталт психотерапија се состои од 15 модули.
- ИСТОРИЈА И ИЗВОРИ НА ГЕШТАЛТ ПСИХОТЕРАПИЈАТА
По пат на формални предавања студентите ќе бидат запознаени со историјата, позадината и корените на современата гешталт терапија. Пристапот по пат на искуство подрзабира дека на студентите ќе им бидат дадени конкретни примери за сите претставени концепти и ќе бидат потикнати активно да учествуваат во дискусија на крај од секое предавање со цел, унапредување, разбирање и критичко мислење. Од време на време студентите ќе бидат поделени во помали групи во кои ќе дискутираат за релеватна литература за историјата и корените на гешталт терапијата. Задача на студентите е да размислуваат и дискутираат за тоа. Нивните рефлексии и анализи ќе се дискутира со учителот и целата група
- ТЕОРИЈА И МЕТОДОЛОГИЈА НА ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈАТА
Наставата се изведува по пат на пракса, а пристапот е искуствен. Преку интервенции во групната терапија и преку улогата на студент/клиент, студентот преку непосредното искуство (или со набљудување на интервенциите) се запознава со основните теоретските концепти на гешталт психотерапијата.
Учителот директно (ad hoc) со примена и објаснување со теоретскиот јазик и концептите што ги применувал во интервенциите, го олеснува разбирањето и интеграцијата на концептите. Целта е студентот да ги доживее, разбере и интегрира основните теоретски концепти на гешталт психотерапија.
Од време на време, студентите ќе бидат поделени во помали групи каде ќе се дискутира за релеватната литература, особено од саморефлективна гледна точка. Резултатите од оваа анализа ќе бидат дискутирани со учителот и целата група и активно учество ќе биде поддржано.
- ОРГАНИЗАМ И СРЕДИНА
Наставата опфаќа искуствено учење низ активна работа во мали групи по пат на работилници, предавања, презентација и дискусија. На студентите ќе им бидат претставени гледиштата на гешталт психотерапијата за човековиот организам и средина, за личноста, за детскиот развој, за општата добробит, здравје и болести. Студентите низ сопствено тераписко искуство (во улога на студент/клиент) ќе бидат поддржани да разберат како овие концепти меѓусебно се поврзани.
Од време на време студентите ќе бидат поделени во помали групи во кои ќе се разгледува и дискутира за релеватна литература и кратки студии на случај, особено од гледна точка на саморефлексија. Студентите ќе бидат потикнати да почнат да го прифаќаат дијагностичкиот став, особено во однос на процена на развојот, личноста, здравјето и односот поединец – контекст.
- ТЕХНИКИ НА ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈАТА
Прв дел- Наставата вклучува: искуствена работа, предавања, презентации, играње на улоги и дискусии за техники и интервенции во гешталт психотерапијата. Студентите лично во улога на клиенти ќе ги искусат гешталт техникиите и интервенциите. Нивните искуства ќе бидат проследени со објаснувања, демонстрации и групни дискусии за специфичните техники и користените интервенции. Студентите исто така ќе имаат можност да вежбаат техники со играње на улоги во парови.
Втор дел- Гешталт психотерапевтите се охрабруваат да користат експериментирање и креативност во нивниот пристап кон клиентите, секогаш врз основа на темелна проценка и теоретско знаење. Ова претставува основа на изведување на оваа програма (модул) која ќе се реализира преку работилници, презентации, играње на улоги, дискусии и литература која ги истакнува специфични техники на гешталт психотерапијата. Ова е комбинирано со искуствена работа во група. Се користи практичен пристап при што во група од три студенти, ги менуваат своите улоги како клиент/терапевт /опсерваторор со цел да ги улоги и практикуваат употреба на техники. Охрабрени се креативно да експериментираат со терапевтските интервенции. По овие вежби, се дискутира за тоа што довело до одредена интервенција (вклучувајќи проценка и теорија).
- ПСИХОПАТОЛОГИЈА ОД ГЕШТАЛТ РЕЛАЦИСКА ПЕРСПЕКТИВА
Наставата вклучува предавања, работилници, презентации и литература која дава информации за физичкото и менталното здравје и како се проценуваат различните нивоа на целокупното функционирање (и тоа во распон од добро здравје до потешки облици на патологии). Исто така, дадени се информации за важноста на работењето со клиентот во насока на психосоцијалниот развој. Целта е темелно да се запознаат студентите со различни клинички пристапи во гешталт психотерапијата. Понудени се и се дискутираат практични примери на различни типови психопатологија со цел за подлабоко разбирање и критичко размислување, со можност за активно учество.
Од време на време, студентите ќе бидат поделени во помали групи, ќе им биде понуден краток случај и анамнеза на клиент, вклучувајќи и биографски информации. Нивната задача е да го идентификуваат типот на психопатологија, да ја применат теоријата што го објаснува нејзиниот развој и да осмислат терапевтска стратегија за психотераписка интервенција. Резултатите од оваа групна работа ќе бидат дискутирани со учителот и целата група. Покрај тоа, во група од три члена, студентите, преземајќи ги улогите на клиент, терапевт и супервизор, ќе вежбаат како да спроведат терапевтски интервенции за да се справат со специфичното нарушување на емпатичен и неинтрузивен начин. Овие искуства ќе бидат разгледани со целата група.
- ПРИНЦИПИ И ПРИМЕНА НА ЕТИКА
Прв дел-Наставата се изведува низ семинари, работилници и предавања. Целта е студентите да се поттикнат на интернализирање на знаењето за различни етички прашања во психотерапија и да усвојат саморефлексни етички став. Во текот на предавањата ќе бидат разгледани практични примери за етички насоки и дилеми со цел промовирање на лично мислење за системот на вредности и убедувања, активно учество, разбирање и критичко мислење. Студентот ќе добие информации како да го консултураат етичкиот кодекс и релеватни закони и ќе биде поттикнат да направи разлика помеѓу познавање на етичкиот кодекс и закон како и сложениот процес за активно донесување на одлука.
Од време на време студентите ќе бидат поделени во групи од по три члена (улога на терапевт, клиент и супервизор). Нивна задача ќе им биде да вежбаат како да ги информираат клиентите за меѓусебните права и обврски, да постават здрава граница и како да завземат саморефлексивен став за тоа како да ги разрешат специфичните етички дилеми. После тоа, работат ќе биде дискутирана со учителот и целата група.
Втор дел- Наставата се изведува низ семинари, работилници и предавања. Целта е студентите да се поттикнат да преку интернализирање на знаењето за различни етички прашања во психотерапијата и да усвојат саморефлексивен став. Во текот на предавањата ќе бидат дадени и разгледани практични примери со етичка насока и дилема, со цел промовирање на лично мислење за системот на вредности и уверувања, активно учество, разбирање и критичко милсење. Студентите ќе добијат информација за тоа како консултираат етички кодекс и релеватни закони и ќе бидат поттиканти да направат разлика меѓу познавање на етичкиот кодекст и закони и процесот на активно донесување на етички одлуки.
Од време на време студентите ќе бидат поделени во групи од по три члена (улога на терапевт, клиент и супервизор). Задача ке им биде да вежбаат како гоинформираат клиентот за меѓусебните права и обврски, поставување на јасни граници како и да завземат саморефлексивен став за тоа како да се разрешат специфичните етички дилеми. По играњето на улогата, работата ќе биде дискутирана со учителот и целата група.
- ГЕШТАЛТ ТЕРАПЕВТОТ ВО ТЕРАПИСКИОТ ОДНОС
Процесот на учење првенствено ќе биде експериментален, со цел да се разберат апстрактните комплексни концепти на овој модул: дијалошки терапевтски однос, трансфер/контратрансфер и контакт. Начинот на учење вклучува непосредно доживување на овие концепти преку:
- Преземање улога на студент/клиент во терапевтскиот однос;
- Опсервација на колегите во улогите на клиентот/терапевтот кои работат на одредени теми;
- Опсервација и рефлектирање на функционирањето на учителот/терапевтот и терапевтскиот однос кој меѓусебно се доживува;
- Превземање на улогата на студентот/терапевтот и учење како да се остане отворен за тековното трансферно искуство ко – креирано со студентот/клиентот.
Задачата подразбира преземање на овие различни улоги и вежбање на безусловниот, неосудуван, емпатички терапевтски однос, како и развој на свесност за клиентот, себе и меѓучовечките процеси. Овој богат и комплексен искуствен процес на учење ќе биде поддржан со дискусии, после средбите како и со релевантен материјал, кој формално ќе биде претставен преку предавања, семинари и работилници. Овој модул се одвива во група со колеги, а не со вистински клиенти, што е подготовка за подоцнежен практичен модул (со вистински клиенти) кој ќе се реализира на напредното ниво во последната година од Програмата.
- ПОЛИЊА И СТРАТЕГИИ НА ПРИМЕНА НА ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈАТА
Прв дел- Во овој модул, студентите ќе имаат можност да доживеат различни начини на примена на гешталт психотерапијата во различни контексти. Релевантниот материјал ќе им биде презентиран на студентите преку семинари, работилници и предавања, за време на кои ќе се дискутираат практични примери, со цел поактивно учество, продлабочување на разбирањето и критичко размислување.
Од време на време, студентите ќе бидат поделени во помали групи (пет до седум члена) за да вежбаат како да водат тераписката група. Еден студент ќе ја преземе улогата на психотерапевт, а другите студенти улогата на клиенти со различни проблеми. На студентите, исто така, ќе им бидат дадени и други ожности да вежбаат да работат со парови и семејство во мали групи со преземање на улогите на терапевт/ клиент/ опсервер. Секое од овие практични искуства ќе биде дискутирно со учителот и целата група. За демонстрации ќе се користат волонтери и /или видео презентации.
Втор дел-Во овој модул, студентите ќе имаат можност да искусат различни начини за примена на гешталт психотерапија во различни контексти. Релевантни материјали ќе им биде презентиран на студентите преку семинари, работилници и предавања, на кои ќе им бидат презентирани практични примери, со цел поактивно учество, продлабочување на разбирањето и критичко размислување.
Од време на време, студентите ќе бидат поделени во помали групи (пет до седум члена) за да вежбаат како се води тераписката група. Еден студент ќе ја преземе улогата на психотерапевт, а другите улогата на клиенти со различни проблеми. На студентите, исто така, ќе им бидат дадени и други можности во мали групи да вежбаат работат со парови и семејство со преземање на улогите на терапевт/клиент/ опсервер. Секое од овие практични искуства ќе се дискутира со учителот и целата група. За демонстрации ќе се користат волонтери и /или видео презентации.
- ДИЈАГНОЗА
Студентите ќе се запознаат со процесот на проценка и дијагноза преку предавања, работилници, презентации и литература. За таа цел ќесе користат студии на случај и практични примери за да се објасни сложената природа на дијагнозата што обично ја користат лекарите (професионалците) за опишување на „Пореметување на I и II оска “ (со посебен осврт на DSM-V) и како гешталт терапевтите ги разбираат, опишуваат и набљудуваат таквите начини на функционирање.
Техниките за проценка и дијагностицирање ќе бидат демонстрирани во живо (тераписка работа) со учесници кои доброволно ќе се пријават. Секоја демонстрација ќе се разгледува преку саморефлективен пристап и групна дискусија. Студентите исто така ќе имаат можност да го практикуваат процесот на оценување со колегите со кои во парови ќе се менуваат како терапевт/клиент. На овој начин, тие се запознаваат со чекорите за спроведување на дијагностичко интервју и проценка со цел да се добијат сите потребни информации за успешни интервенции со клиентот. Оваа практика, вклучително и повратни информации од колегите и учителите, овозможува стекнување на фини терапевтски вештини како што се емпатија, отвореност, флексибилност и дијалошки пристап.
Во текот на овој модул, студентите ќе обават (реализираат) караткорочна пракса во служби за заштита на менталното здравје (под супервизија и менторство) со примарна цел да ги проценат клиентите, да утврдат дијагноза, што ќе биде забележано во клиничкиот извештај.
- РАЗЛИЧНИ ПРИСТАПИ ВО ПСИХОТЕРАПИЈАТА
Програмата која се однесува на различни пристапи во психотерапија ќе се спроведе преку работилници, семинари, предавања, обезбедување на релевантен материјал и искуствено учење. Целта е студентите да се запознаат со основните принципи, јазик и концепти на други психотерапевтски правци. За време на предавањата, ќе бидат презентирани и дискутирани практични примери за да им се помогне на студентите да го продлабочат разбирањето и да развијат критичко размислување и ставови со цел да усвојат интегративен став (гешталт психотерапијата наспроти други правци). На сите студенти ќе им се даде можност да бидат во улога на клиенти во различни пристапи. Тие исто така ќе можат да гледаат сесии во живо (од друг психотераписки пристапи) на некои колеги кои доброволно се клиенти. Во овој модул, главниот акцент е ставен на учење преку лично искуство и директна опсервација.
- КВАЛИТАТИВНО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ПСИХОТЕРАПИЈАТА
Во овој модул студентот и учителот заеднички ќе одберат, дискутираат и обработат случај на еден клиент. Студентите исто така ќе добијат информации за квалитативни методи на истражување и правила на академско пишување. Процесот на наставата поттикнува рефлексивен став и овозможува кај студентот да се развие критичко мислење при проценката и разгледувањето на некое квалитативно истражување. Студентот, исто така, се очекува да се вклучи во самостојно учење за да може да напише детална студија на случај.
- СУПЕРВИЗИЈА
Во текот на овој модул улогата на супервизорот и супервизантот се обработуваат на начин што на крајот студентите како психотерапевти/супервизанти се свесни за важноста на супервизијата, а истовремено им се овозможува да како психотерапевти станат компетентни супервизори. Студентите кои се во процес на терапевтска работа со клиенти од различни популации, контексти и со различни проблеми, обврзни се да имаат редовена супервизија со фреквенција од околу еден час супервизија на секои два часа работа со клиенти.
Целта на овој модул е професионален развој преку рефлексија, учење и развој во супервизијата. Сите аспекти на клиничката пракса (вклучувајќи дилеми, прашања, загриженост, проблеми трансферни прашања, планови за заштита, терапевтски интервенции, техники, области на раст и др.) треба да се дискутираат и да се обработат под супервизија. Тие исто така треба да ја подигнат свеста и да ги потенцираат личните теми на кои треба да се работи понатаму. Студентот е одговорен за решавање на нив во лична терапија (Модул 15) со цел напрофесионален и личен развој.
- КЛИНИЧКА ПРАКСА: РАБОТА ВО ВРСНИЧКИ ГРУПИ ПОД СУПЕРВИЗИЈА
Во текот на овој дел од клиничката пракса, студентите работат самостојно со реалните клиенти. Тие сега го имаат целото знаење што им е потребно за да го сторат тоа, сè додека нивната работа е супервизирана, како што е наведено погоре. Целта на овој модул е студентите да го практикуваат и целосно да го применат своето терапевтско знаење додека се на терапија со реални клиенти, како „терапевти во едукација“, како и да стекнат практично искуство во вистинскиот клинички сетинг. Во овој модул акцентот е пред се на методологијата и техниките на Гешталт психотерапијата и нивната примена во реални сесии.
- ЛИЧНА ТЕРАПИЈА
Студентот е обрзан да оди на лична терапија најмалку две години. Студентот го избира својот терапевт во соработка со координатор на модулот од списокот на квалификувани гешталт психотерапевти утврден од ЕАГТИ-С. Целта на овој модул е студентот непосредно да го доживее процесот на гешталт психотерапијата и да се развива како личност.
- ЗАВРШЕН ИСПИТ (СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ)
Завршниот испит се состои од три дела: писмен, усмен и практичен дел.