Во текот на едукацијата од гешталт терапија едукантите/студентите имаат можност за повеќе форми на работа низ кои добиваат и разменуваат дополнителни знаења од областа на гешталт терапијата.
- Врсничка група. Понекогаш се јавуваат теми за кои студентите може да јават поголем интерес и да се договорат на средба, без присуство на тренерот каде ќе може да разговараат на дадената тема. Групите се независни. На овие средби вежбаат: гешталт експерименти, терапевтски вештини, припрема за испит и слично.
- Индивидуална работа. Низ текот на едукацијата студентите се обврзни да одат на индивидуална терапија со цел да работат на индивидуални проблеми, да ја искусат Гешталт психотерапијата од улога на клиент и да ја видат работата на повеќе различни терапевти. Од студентите се очекува да одат на психотерапија кај терапевти препорачани од Гешталт Инситутот. На студентите им е презентирана листа на терапевти кои може да ги изберат за индивидуална работа.
- Супервизија. Од студентите се очекува да доаѓаат на супервизија во трета и четврта година од едукацијата. Студентите поставуваат прашања кои им се јавуваат во текот на применувањето на Гешталт техниките во тераписка работа (како терапевти под супервизија). Целта на супервизијата е да се прати развојот на студентот во пракса. Се одвива преку административна, едукативна и консултативна компонента. Административната компонента е ориентирана на потребите на контекстот во кој студентот работи. Едукативната компонента е насочена на давање на знаење, а консултативната кон специфични проблеми, дилеми и содржини кои студентот ги има поврзани со клиентот како и со негови лични.
- Работилници, семинари и предавања. На студентите им се презентираат посебни теми преку предавања, работилници, семинари и презентации од факултетски професори. Гешталт Институтот обезбедува професионални кадри за целосна покриеност на сите теми предвидени во програмата.