Супервизија
Од студентите кои активно се вклучени во процесот на едукација од гешталт психотерапија се очекува да доаѓаат на супервизија во трета и четврта година од едукацијата. Студентите поставуваат прашања кои им се јавуваат во текот на применувањето на Гешталт техниките во тераписка работа (како терапевти под супервизија). Целта на супервизијата е да се прати развојот на студентот во пракса. Се одвива преку административна, едукативна и консултативна компонента.
Супервизијата се спроведува индивидуалн или во мали групи (почнува на напредно ниво) и треба да се реализираат вкупно 225 часа.
Супервизијата ја водат Емилија Стоименова – Цаневска, Лидија Пецотиќ и Марија Стефановиќ.
Едновремено супервизијата е достапна и за сите терапевти без оглед на школата и правецот на кој припаѓаат а кои сакаат да ја унапредуваат својата работа.