Select Page

Натка Пачоска

natkaНатка Пачоска е специјалист по медицинска психологија, лиценциран гештал, системски и семеен психотерапевт и носител на EAGT сертификат и ECP.  Во рамките на Гешталт Институтот во Скопје ја спроведува едукацијата од клиничка дијагностика и води базичен гешталт. Долг низ на години е едукатор и мастер тренер на стручни лица на полето на зависноста од дроги во Р.Македонија, преку разни  проекти. Член е на претседателството на Македонската асоцијација на психотерапевти –МПА, претседател е на здружението за семејна психотерапија и системска пракса во Македонија-СПАСП  и член е во EFTA-NFTO. Автор и коавтор е на многу научни трудови како и на  неколку дела.