Select Page

Семејните констелации и Системските солуции претставуваат лечебен приод првично развиен до страна на Берт Хелингер. Историски гледано и Л.Зонди како и Е. Берн, укажуваат на мултигенерацискиот процес на трансмисија т.е. семејното несвесно.

Методот на семејни констелации и системски солуции се користи при осветлување на аспекти од нашето живеење кои се извор на нелагода и нарушувања, а најчесто се резултат на неразрешени релациски теми. Изворот на тешкотии лежи надвор од нашата свесност. Тоа се незаврешени работи кои се пренесуваат од претците на следните генерации. Согледувајќи ја и
испочитувајќи ја скриената динамика во системот се овозможува ослободување од страдањето и енергетско растоварување како резултат на разврзувањето и исправувавњето на закоченостите кои се манифестираат кај единката, а се резултат на системскиот процес. На тој начин се здобиваме со сила да го завземеме местото кое е само наше и ни припаѓа, и да го оствариме максималниот потенцијал кој го имаме. Така, душата се исцелува и лечебноста на овој пристап станува препознаена.

Со овој метод се разрешуваат повеќе видови проблеми во различни области како семејни (разводи, партнерски релациски проблеми, релација родител – дете, болести, обжалувања ..), така организациски, индивидуални, а во поноово време и на чувствата, личните карактеристики, објектите и
структурите.

Начинот на работа е групен, и како таков ќе биде презентиран, со согледување на некои негови значајни аспекти, и секако со посебен акцент на движењето како генератор на согледувањето и можната промена, затоа што многу често и констелациите се нарекуваат движење на душата.