Select Page

Почитувани

со огромно задоволство во рамки на редовните програмски активности на “Гешталт Институт” го најавуваме предавањето на Лидија Пецотиќ на тема “Дали е психотерапевтот етичар?”.

Предавањето ќе се оддржи на 28.08.2014 со почеток од 16 часот (во времетраење од 4 часа од 16:00-20:00h) во просториите на Даре Џамбаз – Црвен крст на град Скопје. Секој учесник ќе добие потврда за своето присуство на предавањето, издадена од организаторот.
Предавањето ќе биде на српски јазик.

Сите заинтересирани треба да се пријават на contact@gestaltinstitut.edu.mk по што ќе им биде доставена пријава во атачмент која ќе треба да ја пополнат.

Котизацијата за предавањето е симболична и изнесува 1000 денари.

Уплатата може да ја извршите на жиро сметката на “Гешталт Институт” 200001337684409 Стопанска Банка уплатна шифра:262.

(Ве молиме со себе носете ја уплатницата на денот на предавањето).

За Предавачот
Проф. др. Лидија Пецотиќ е доајен на Гешталт терапијата на нашите простори и силен двигател на Европско ниво. Основач и раководител на GPTIM , Gestalt Studio Beograd и гостин предавач на гешталт институтите во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Украина, Италија Германија. Темата со која доаѓа е актуелна и неопходна во работата на секој терапевт.