На 10.09.2014 (среда) во просториите на Гешталт Институт Скопје, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи воведна презентација на тема Гешталт терапија-работа во групи.
Оваа презентација е наменета за сите заинтересирани за вклучување во група за раст и развој и базично ниво на едукација во гешталт терапијата.
Присутните ќе имаат можност да се информираат за работата на ГИ и да ги запознаат основите на работа во гешталт терапијата.
Групите за личен раст и развој се дел од базичното ниво на програмата за едукација на гешталт терапевти.
Координатор на тренинг програмата за гешталт психотерапија е проф. д-р Емилија Стоименова Цаневска, ECP, EAGT сертицифиран гешталт терапевт, тренер и супервизор.
Презентацијата е бесплатна.
Сите заинтересирани се молат да го потврдат своето присуство на следниот e-mail:
contact@gestaltinstitut.ed
во порака на официјалната facebook страна
https://www.facebook.com/
или на следниот телефонски број 078 350 763.