На првата меѓународна конференција за теорија и практика во психологијата активно учество земаа и членови од Гешталт Институт Скопје. Имено свои презентации имаа следниве претставници од ГИ:
Емилија Стоименова Цаневска во делот на клиничка психологија се претстави со две теми кои се во соработка со Лидија Пецотиќ и тоа: “Интроекти или забрани-исти слични или сосема различни поими” и “Ethics through the lenses of psychotherapist”
Радмила Живановиќ, Маја Симоновска, Емилија Стоименова Цаневска и Фросина Ристовска во делот на личност и индивидуални разлики на тема “Социјалната анксиозност и проблематичната употреба на социјалните мрежи”.
Овие активности зборуваат за посветеноста на Гешталт Институт за развој и промоција на науката и професијата.