Во склоп на многубројните активности кои Гешталт Институт Скопје ги организира за своите студенти, викендот 15 и 16.11.2014 се оддржа семинар на тема BODY PROCESS. Семинарот, прикладно на темата, се оддржа во Банско, Бугарија каде Емилија Стоименова Цаневска на креативен и неповторлив начин ја донесе искуствено и практично работата на телесните процеси, а учесниците преку работа на себе имаа можност да научат многу за сопствените телесни процеси и работа со истите. Во продолжение слика од сите присутни задолжени за прекрасниот семинар.