Select Page

За куOLYMPUS DIGITAL CAMERAсо време од пет страни стигна истата порака до мене. Ги проверувам  за да бидам сигурна дека се грешни. Тражам недоследност, но ја нема. Вистината велеше тој секогаш го наоѓа својот пат. На негов начин кажано тоа звучеше и лесно и длабоко, питко и разбирливо.

Драги Кен, учителу мој, пријателу мој, тебе ти должам голем дел од ова што денес сум, и што Гешталт Институт е.  Ти имаше проникливост да ги видиш работите онакви какви што се, без веловите на наивност, страв, …. Ти гледаше и имаше идеа, која со леснотија ја преточуваше во акција. И ги повлекуваше и другите  да те следат, но и да развиваат свои патишта.

Колку ми е тешко што не можам да спојам збор со збор, мисла со мисла и да изговорам. Мислите се ројат и спомените навираат. Душата се растопува во чемер, а срцето налудничаво настојува да го задржи истиот ритам на отчукување, небарем ќе ја  промени реалноста.

А таа реалност денес е чемерна.  Кен веќе не е со нас. Сакам да верувам дека е на поубаво место, и сакам да се потсетам на неговите говорења за спиритуалноста, како поддршка во овој тежок миг.

Драги Кен, ти благодарам за се што направи и до последен ден правеше за нашата професија. Ќе те помнам и ќе те помниме по твојата мекост која е истовремено и челично силна, по твојата посветеност и секако по твојата љубов. Ти беше и ќе останеш жива прикаска за тоа како е љубовта вечна.

Денес, сакам да ти посакам мир и љубов кај год да си, затоа што контактот е вечен а со тоа и сите размени. Ако душата има место тоа е она нежно суптилно место измеѓу каде што размената тече во она што е но и со она што било и она кое ќе дојде.

Тешко ми е да те пуштам, иако знам дека тоа е патот. Ме мести тоа што помислувам на тоа како трагаше по мир, а твојот креативен и иновативен дух имаше уште нешто и нешто и уште нешто … Сега верувам дека ќе најдеш мир и спокој во вечната љубов.

Вечна ти слава голем човеку. Почивај во мир пријателе.