Select Page

ГЕШТАЛТ ИНСТИТУТ СКОПЈЕ на огромна чест и задоволство беше дел од втората студентско-едукативно научна дружба, организирана од ПСИХЕСКО – прво македонско здружение на студенти по психологија. Емилија Стоименова Цаневска и Фросина Ристовска во рамки на настанот оддржаа предавање на тема Теорија на поле – гешталт перспектива. На овој начин како институт помогнавме во реализирање на целта на овој настан а тоа е  “заедно да ги кршиме митовите за психотерапијата и одблиску да погледнеме во неа”.

Ако се повикаме на еден од принципите на теоријата на поле “Затоа што сите аспекти на полето се меѓусебно поврзани, промената во било кој дел од полето е многу веројатно дека ќе влијае на целото поле”, драго ни е што можевме да бидеме дел од полето кое младите идни психолози го креираа и за кое беа отворени да го менуваат.

Им благодариме на организаторите на овој преубав настан и уште еднаш јавно им изразуваме честитки за нивниот роденден и многу успешни проекти.

 

12202439_10207265054520588_270584640_n

12187700_1048366965222344_8914463086877274777_n

11215803_1049137851811922_2830111869977725817_n