Select Page

Во периодот од 12.12.2015 до 13.12.2015 година јубилејно се одбележа постоењето на Гешталт Студио Белград. Во рамки на одбележувањето на 25 години постоење на овој институт беше оддржана и работилница на тема  “Историја на гешталт терапијата кај нас и во светот”. Свое предавање оддржаа и претставници од Гешталт Институт Скопје во знак на долгогодишната соработка во поставувањето на стандардите на гешталт психотерапијата на територијата на Балкан. Да се биде дел од креирањето на институти кои постојано се обидуваат да постават нови и подобри стандарди во работењето е привилегија. За уште многу соработки и многу нови контакти, честитки Гешталт Студио Белград.