Ве информираме дека на 13.10.2016 (четврток) во новите простории на Гешталт Институт – Скопје на улица Методија Шаторов – Шарло 8/1 (поранешна Руди Чаевац), со почеток во 18 часот, ќе се одржи презентација на тема: Гешталт терапија – работа во групи, со цел запознавање со работата на ГИ – Скопје и приклучување кон група за личен раст и развој.
Групите за личен раст и развој се дел од базичното ниво на програмата за едукација на гешталт терапевти. Завршената едукација во гешталт психотерапија при EAPTI GI овозможува продолжување на постдипломски во Гешталт Психотерапија во соработка со EAPTI GPTIM.
Презентацијата е бесплатна. Доколку сте заинтересирани најавете го вашето присуство на следниот e-mail, најдоцна до 12 часот во среда 12.10.2016:
contact@gestaltinstitut.edu.mk
atinatasevska@yahoo.com
Контакт телефон: 070/279-996 или 078/350-763