Почитувани, ве информираме дека на 29.10.2016 година со почеток од 10:00 часот до 18:00 часот ќе се оддржи еднодневна работилница на тема Системско мапирање и семејни констелации. Оваа работилница е соработка помеѓу GO (Гешталт во организации) и Центарот за семејни констелации и системски солуции кој е дел од Гешталт Институт Скопје.
Семејните констелации и Системските солуции претставуваат лечебен енергетски приод првично развиен од страна на Берт Хелингер. Методот на семејни констелации и системски солуции се користи при осветлување на аспекти од нашето живеење кои се извор на нелагода и нарушувања, а најчесто се резултат на неразрешени релациски теми. Непреживеаните чувства од минатото (тага, напуштеност, бес), поврзани со далечните и заборавените сеќавања и фантазии, ја носат тегобноста на незавршените работи кои во секојдневието ни се претставуваат со бројни лица. Незаврешени работи кои се пренесуваат од претците на следните генерации, често се изворот на тешкотии и лежат надвор од нашата свесност.
Во GO, констелациите ги користиме како надополнување на нашата Гешталт психотерписка пракса и му овозможуваме на секој од нашите клиенти, понатамошна психотераписка или коучинг поддршка доколку тоа е потребно. Како индивидуални членови на Европската Асоцијација на Психотерапија и Европската Асоцијација за
Гешталт Терапија, го следиме нашиот етички кодекс во склад со европските стандарди.
Цената на оваа работилница изнесува 2000 денари, а уплатата се врши на про-фактура која ќе ја добиете по пријавувањето.
Сите заинтересирани потребно е да се пријават на следниот маил:
burovski@gestaltinorganizations.com
Подетални информации околу сите нешта кои е потребно да ги знаете можете да најдете во линкуваниот документ.