Ни претставува особена чест и задоволство да им честитаме на колешките Фросина Ристовска, Маја Симоновска, Ангелика Буровски и Анастазија Спасовска кои се ШЕСТА генерација на завршени гешталт терапевти на Гешталт Институт Скопје. Голема благодарност до проф. д-р Лидија Пецотиќ и проф. д-р Димитар Боневски, кои со својата стручност и експертиза како членови на испитната комисија го направија овој настан незаборавен за сите нас. Испитот и свечената прослава се оддржаа на 27.08.2016.
