Select Page

Ве информираме дека на 31.08.2017 (четврток) во просториите на Гешталт Институт – Скопје со почеток во 18 часот, ќе се одржи интерактивна презентација на тема: Што е Гешталт психотерапија?- Значајноста на групниот процес во соочување со животните предизвици. Оваа работилница се реализира со цел запознавање со работата на ГИ, акредитираната едукативна програма за гешталт психотерапија и можностите за приклучување кон групата за личен раст и развој.

Групите за личен раст и развој се дел од базичното ниво на програмата за едукација на гешталт психотерапевти. Завршената едукација во гешталт психотерапија при EAPTI GI ви овозможува стекнување на звање гешталт психотерапевт. Воедно, овозможува продолжување на постдипломски во Гешталт психотерапија во соработка со EAPTI GPTIM.

Оваа базична група ќе ја водат Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек, психолози и акредитирани психотерапевти (ECP и EAGT сертификат).

Презентацијата е бесплатна. За присуство на работилницата, потребно е да го најавите вашето присуство на следните емаил адреси: contact@gestaltinstitut.edu.mk или radmila.zivanovic@gmail.com, најдоцна до 12 часот во четврток, 31.08.2017 .

Доколку имате прашања во врска со презентацијата можете да се обратите на контакт телефонот: 070734512.

Aдресата на Гешталт Институт Скопје е улица Методија Шаторов – Шарло 8/1 (поранешна Руди Чаевац) во Аеродром.