Од Контакт во Свесност е првиот онлајн зборник на авторски текстови од областа на гешталт психотерапијата, прво издание на едицијата „Го сакам Гешталт“ на Гешталт Институт Скопје. Овој зборник обединува и претставува единаесет авторски трудови на гешталт психотерапевти кои разработуваат и пренесуваат некои од основните концепти во Гешталт психотерапијата, како и нејзината примена во различни но значајни контексти и настани од животот.
Во делот од предговорот, Проф. Др. Емилија Стоименова-Цаневска ќе каже „…сакам да гледам на овие трудови како на оние кои ќе ја разгорат искрата за публикување и ќе го започнат процесот на споделување на знаењето, што е основна цел и на оваа професија која денес сеуште во беспаќата на правните системи на повеќето европски држави како впрочем и во нашата, го бара патот кој ќе ја донесе до препознавање и уважување на тоа што е, и со што професијата психотерапевт ќе биде етаблирана како посебен ентитет.“.
Во дигитална форма зборникот се објавува под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор- Некомерцијално-Без адаптирани дела 4.0 Македонија. Ве покануваме да ја симнувате, споделувате и читате оваа инспиративна читанка на психотераписки текстови.
Зборникот може да го превземете на следниот линк: ОД КОНТАКТ ВО СВЕСНОСТ
Со почит, Уредничкиот тим