Ве информираме дека на 17.10.2017 (вторник) во просториите на Гешталт Институт – Скопје (ГИ) со почеток во 18 часот, ќе се одржи работилница на тема: Од Контакт во Свесност – Групен процес. Оваа работилница се реализира со цел искуствено запознавање со два основни концепти на Гешталт психотерапијата- Контактот и Свесноста, како и информативно запознавање со работата на ГИ, акредитираната едукативна програма за гешталт психотерапија и можностите за приклучување кон групата за личен раст и развој.
Групите за личен раст и развој се дел и од базичното ниво на програмата за едукација на гешталт психотерапевти. Завршената едукација во Гешталт Институт- Скопје, кој е првиот Европски акредитиран психотераписки тренинг институт (EAPTI) во Македонија, Ви овозможува стекнување на звање гешталт психотерапевт. Воедно, овозможува продолжување на постдипломски студии во Гешталт психотерапија во соработка со EAPTI GPTIM.
Оваа презентација ќе ја водат Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек, психолози и акредитирани психотерапевти (ECP и EAGT сертификат), тренери на ГИ.
Работилницата е бесплатна и е во траење од два часа. За присуство на работилницата, потребно е да го најавите вашето присуство на следнaта емаил адресa: ivana.marinchek@gmail.com или radmila.zivanovic@gmail.com најдоцна до 12 часот во четврток, 17.10.2017. Местата за работилницата се ограничени.
Доколку имате прашања во врска со работилницата можете да се обратите на контакт телефонот: 071 904 572(Ивана) или 070734512 (Радмила).
Aдресата на Гешталт Институт Скопје е улица Методија Шаторов – Шарло 8/1 (поранешна Руди Чаевац) во Аеродром.
Значајно е да ве информираме дека Групата за раст и развој и едукацијата за Гешталт психотерапија е во фаза на дефинирање и финализирање. Само уште неколку места се расположливи.
Ве покануваме да се сретнеме, размениме и искусиме дел од групниот процес.