Оддржана работилница на тема Трансфер и контратрансфер во гешталт терапискиот процес
На 23 мај 2013 година во рамки на V-от Конгрес на психијатрите на РМ со меѓународно учество проф. д-р Емилија Стоименова Цаневска оддржа работилница на тема ТРАНСФЕР И КОНТРАТРАНСФЕР ВО ГЕШТАЛТ ТЕРАПИСКИОТ ПРОЦЕС. Оваа работилница е резултат на заедничка соработка со Лидија Пецотиќ. На истата присуствуваа повеќе посетители на конгресот кои имаа можност да ги искусат и поблиску да ги осознаат трансферот и контратрансферот како дел од психотерапискиот однос.