Семејни констелации и системски солуции
Семејните констелации и системските солуции претставуваат лечебен приод, како таков конципиран и развиен од страна на Берт Хелингер, иако и Л.Зонди и Е.Берн, укажуваат на мултигенерацискиот процес на трансмисија на семејното несвесно.
Семејните констелации и системските солуции се користат при осветлување на индивидуални аспекти од нашето живеење кои се извор на нелагода и / или нарушување, а најчесто се резултат на неразрешени релациски теми, на кои се гледа од системска трансгенерациска перспектива. Токму затоа и изворот на тешкотиите лежи надвор од нашата свесност, а во тука и сега се манифестира преку движењето на душата, кое не носи на места каде имаме можнст да научиме или постигнеме нешто корисно како за нас, така и за другите.
Со овој метод се помага разрешувањето на повеќе видови проблеми од различни области како семејни (разводи, партнерски релациски проблеми, релации родител -дете, обжалување, болести …..), така и организациски, индивидуални…..