Select Page

Гешталт во организација

Гешталт во организација

Гешталт терапијата нуди една нова и поразлична од претходните перспективи на организациските прашања. Фоскусот се става на Процесот во тука и сега и свесноста која во тој процес се појавува. Многуе значајно да се разграничи што е процес, што процесна дијагностика, што факти а што интерпретации. Акцент се става на истражувањето и експериментирањето кое овозможува надминување на ригидните обрасци кои како такви претставуваат блокови на развојот. Самиот процес на гешталт терапевтската методологија е креативен во својата основа што овозможува да секој се здобие со алатка која е личносно обоена а сепак крајно функционална во рамките на органзиациското работење, со што се подобрува квалитетот на изведбата, кретивноста при работата и секако задоволството од работењето.