Select Page
ЗА НАС

Денес Европскиот Акредитиран Психотераписки Тренинг Институт – “Гешталт Институт”- Скопјe ( Друштво за образование и психологија ДООЕЛ), е етаблирана и акредитирана институција која е вмрежена во бројни меѓународни мрежи на психотерапија, како Европската Асоцијација за Психотерапија ( EAP), Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (EAGT), Интердисциплинарната Асоцијација  за Детска и Адолесцентна Психотерапија (IAYAP), Федерација на Гешталт Тренинг Институти ( FORGE, Македонска Психотераписка Асоцијација (MPA), Психолошката Комора и ЕГН мрежата ( EAPTI-GPTIM-Network – EGN).

Првата акредитација Европскиот Акредитиран Психотераписки Тренинг Институт “Гешталт Институт”- Скопјe ( EAPTI GI-S) ја доби во 2008 година од страна на Европската Асоцијација за Психотерапија ( EAP), Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (EAGT), и до денес е веќе двапати реакредитиран.

Како заштитена марка Европскиот Акредитиран Психотераписки Тренинг Институт “Гешталт Институт”- Скопјe ( EAPTI GI-S) од 2018 година е заведен во Регистерот на заштитени марки, со своето име и лого, што беше уште еден чекор во процесот на етаблирање.

Во рамки на ЕГН мрежата ( EAPTI-GPTIM-Network – EGN) Европскиот Акредитиран Психотераписки Тренинг Институт “Гешталт Институт”- Скопјe    ( EAPTI GI-S) разменува префесори и еукатори, и етаблира заеднички програми кои им овозможуваат на студентите проодност и кооперативност низ повече држави од регионот и Европа. Најзначаната активнсот во рамки на мреажата за Европскиот Акредитиран Психотераписки Тренинг Институт “Гешталт Институт”- Скопјe ( EAPTI GI-S) беше организацијата  на Третиот Конгрес за Гешталт терапија во Септември 2019 година.

Среќни сме и задоволни, што за овие 28 години на активност, од мала група составена од психолози и психијатри во тек на 1992 година, станавме Европски етаблиран и препознаен психотераписки институт.