Select Page

Член 1

″ГЕШТАЛТ ИНСТИТУТ″ во понатамошниот текст ″ГИ″ е друштво за едукација и психологија, регистрирано според законите на Република Македонија. ″ГИ″ се поткрепува од чланарината на своите членови како и од наплатата на извршените услуги. ″ГИ″ нуди курсеви за Диплома во Гешталт терапија и сертифицирани курсеви за личен и професионален развој.

Член 2

Целите и задачите на ГИ се да едуцира професионалци во гешталт психотерапијата, успешно да ги оспособи учесниците (психолози, социјални работници, наставници, менаџери, свештеници, доктори итн).

ГИ не дискриминира по основа на раса, боја, национална и етничка припадност, пол, сексуална ориентација или физичка нефункционалност при стапувањето ниту во административната или едукативната програма. Целите и задачите се постигнуваат преку 4-5 годишен вонреден курс со кој се доаѓа до интеграција на теоријата и методологијата кај учесниците (студентите) и ќе им овозможи да го достигнат нивото на лично појаснување и зрелост која што се бара од гешталт психотерапевт.

Програмата се одвива низ тричасовни неделни средби или за викенди, а структурирана е преку следниве начини на работа: експериментална групна работа, теориски студии, индивидуална работа и супервизија.

Курсот е организиран на две нивоа:

  • Базично ниво
  • Напредно ниво, кое води до повисок академски степен доколку постои соработка со некој Универзитет.

Комплетирањето на базичниот модул (ниво) обезбедува сертификат за завршен базичен курс. Комплетирањето на напредниот модул (ниво) обезбедува диплома за гешталт психотерапија и смета дека психотерапевтот кој ја поседува може да работи самостојно како гешталт психотерапевт.

Член 3

За спроведување на активноста од член 2 “ГИ” има Академски Комитет составен од гешталт тренери и директор на “ГИ”. Главна одговорност на овој Комитет е да го надгледува и проценува напредувањето на студентите низ курсот. Комитетот ја обновува програмата со цел да го прати развојот. Членовите на Академскиот Комитет во процесот на одлучување одлучуваат заеднички, односно имаат рамноправно гласачко право. Водечки тренери се доц. д-р Емилија Стоименова-Цаневска и Лидија Пецотиќ доктор на науки.

Член 4

“ГИ” под водство на Академскиот Комитет организира настани како искуствени групни состаноци, семинари, интензивни викенд курсеви, неделни групни сесии. Студентите имаат континуирано учење за суштината и примената на гешталт низ лично искуство.

Член 5

“ГИ” вклучувајќи ги сите тренери, супервизори и студенти е субјект на Етичкиот код на МАП (Македонска Асоцијација за Психотерапија ) и МАП има право да поведе постапка во случај на жалба за прекршување на етиката.