Select Page

проф. д-р. Лидија Пецотиќ

Проф д-р. Лидија Пецотиќ има докторирано во областа на клиничката психологија и претставува сертифициран гешталт психотерапевт со ECP и EAGT. Претставува еден од носечките тренери во Гешталт Институтот Скопје. Својата континуирана едукација од областа на гешталт психотерапијата ја има обавувано во повеќе центри низ Америка и Европа под раководство на видни професори како Ph.D. Hunter Beaumont, Erving и Mirjam Polster, Ph.D. Daglas Davidove и други.

Била вработена како психолог/ консултант во Парламентот на СФРЈ и и било одобрено да започне со приватна пракса и компанија под името „Гешталт – Психолошко едукативно Студио“ во Белград, каде започнува со тренинг за Гешталт Психотерапија и индивидуална психотерапија со клиенти. Таа е постојано вработена во Малта во болницата “Санта Мариа“ како психотерапевт за зависници од дрога и алкохол и нивните фамилии, како и предавач со пола работно време на Универзитетот во Малта. Во 2003 го основаше Берт Хелингер Центарот во Малта. Таа е основач и предсетател на „Југословенска Асоцијација за Гешталт Терапија“ (1994),  член на FORGE (Интернационална Федерација за Гешталт Психотерапија, Париз), EAP и EAGT.