М-р Питер Шултес е гешталт терапевт со своја приватна пракса за психотерапија, супервизија и коучинг во Цирих, од 1975 година. Тој студирал педагогија, психологија и философија. Член е на Швајцарската асоцијација за психотерапија и е носител на Европски сертификат за психотерапија. Во рамки на Европската асоцијација за психотерапија тој е член на одборот на меѓународни експерти одговорни за акредитација на институтите од страна на Европската асоцијација за психотерапија. Како Претседател на Швајцарскиот Оддел за психотерапија тој раководи со организација која обединува преку триесет институти и професионални организации од различни психотераписки модалитети. Тој предава во Цирих и Визбуршкиот Интегративен гешталт тераписки институт во Германија, како и во Атина и Солун во рамки на Гешталт Фондацијата.