Select Page

Проф. д-р. Емилија Стоименова-Цаневска е лиценциран здравствен и клинички психолог, и сертицифиран психотерапевт од Gestalt Psychotherapy Training Institute Malta, која поседува и ECP и ЕАGT. Таа е основач на Гешталт Институтот и претставува главен тренер во институтот со повеќе од 10 години лиценцирана практика.

Од 2006 година, таа е сертицифиран тренер од Институтот за тренинг во гешталт психотерапија од Малта и од 2008 година е сертицифиран супервизор од страна на Scarborough Gestalt Training Institute, како и сертицифиран Гешталт бизнис консултант и обучувач во рамки на истиот институт. Едновремено поседува познавања од областа на трансакциона анализа, EMDR, системска работа и кибернетичка психотерапија. Нејзиниот интерес се заснова главно во областа на релациски гешталт, под силно влијание на системскиот и трансгенерацискиот пристап. Работи индивидуално, со парови, групи и системи.

Проф. д-р.Стоименова-Цаневска е член на ЕАГТ и ЕАП, истражувачкиот комитет на ЕАГТ, Европската асоцијација за здравствена психологија, Асоцијација за психотерапија Малта, Македонска комора на психолози, и од неодамна е потпретседател на Македонската асоцијација за психотерапија. Претходно била претседател на Европската интердисциплинарна асоцијација за терапија со деца и млади луѓе, додека сега е член на бордот на асоцијацијата и претставник на Македонија.